| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Претстојните избори клучни за Косово

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, Фрид Зариф, пред Советот за безбедност оценил дека успехот на претстојните локални избори во Косово е од клучно значење, јавува „Телеграф“. Зариф на седницата на СБ, посветена на Косово, вчера нагласил дека Белград и Приштина продолжиле на конструктивен начин да остваруваат напредок, но дека се потребни дополнителни напори, флексибилност и подготвеност за компромис.

Тој истакнал дека е од клучно значење изборите да успеат и да бидат избрани претставници на локалните заедници, како и тоа дека е важно да се охрабри учеството на изборите, особено кога станува збор за северно Косово.

Претставничката на САД во ОН, Саманта Пауер, изјавила дека очекува локалните избори да бидат фер и демократски и ги повика сите припадници на малцинствата, особено косовските Срби да учествуваат во нив.

Претставникот на Русија, Владимир Чизов, порачал дека е потребно изборите да бидат статусно неутрални и оти е важно помасовно учество на избирачите, но предупреди на, како што вели, можноста косовските Албанци да го саботираат регистрирањето на косовските Срби во избирачките списоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top