Јавниот долг заклучно со 31 јули годинава бележи намалување и според објавените податоци на Министерството за финансии изнесува 33,6 проценти од БДП
Во однос на податоците од вториот квартал годинава кога изнесуваше 34,2 проценти е намален за 0,6 отсто.
Вкупниот долг на централната влада заклучно со 31 јули изнесува 2.607,7 милиони евра. Надворешниот долг е 1.611 милиони евра, а внатрешниот 1.059 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


