| четврток, 6 декември 2018 |

Кипарски АПОЕЛ најсреќен во ждрепката и ќе игра во Европа Лигата

Кипарскиот тим АПОЕЛ имаше најмногу среќа при дополнителната ждрепка и ќе игра во Европа Лигата на УЕФА, на местото на суспендираниот Фенербахче. За да се пополни испразнетото место УЕФА одлучи сите екипи што синоќа беа елиминирани да учествуваат во лотаријата, а Кипраните беа извлечени како последен учесник во реномираното натпреварување.

Такви маки да очекува расплет од ждрепката немаше Тромсо. Норвешката екипа беше послаба на теренот од Бешикташ во вкупен скор од двата натпревари во плејоф фазата, но сепак ќе игра во ЛЕ и тоа токму на местото на тимот што ги елиминираше. Бешикташ како и Фенербахче е исфрлен од европските купови, поради местење и фанинсиски дубиози.

Главната ждрепка со која ќе се одреди составот на групите во ЛЕ ќе се одржи денеска од 13 часот во Монако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top