| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачки снимки на Би Би Си: Напалм бомба фрлена врз училиште во Сирија? (видео)

napalm sirija

Би Би Си објавни снимки од последиците од експлозија на бомба за која тврди дека погодила училишно игралиште на северот на Сирија.

Повредени биле десетици деца, но тие биле погодени со шрапнели, туку само добиле тешки изгореници. Според новинарот на Би Би Си, иако не може да се каже со сигурност за какви хемикалии станува збор децата добиле повреди карактеристични при експлозија на напалм бомба.

Би Би Си не го наведува моментот кога се случил нападот, а видеото е објавено вчера кога британскиот парламент ја одби можноста за учество во воена интервенција во Сирија.

Вчера Би Би Си се најде на силни критики од јавноста откако вест за масакрот во Сирија илустрираше со стара фотографија снимена во Ирак во 2003 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top