| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Хаџиски: Вo Македонија бев осуден за нешто ужасно што не го сторив

mile hadziski

 

 

По одбивањето на барањето на Швајцарија за екстрадиција на Миле Хаџиски, француските власти оставаат можност тој да биде испорачан во Македонија. Одлуката ќе биде донесена на 25 септември, а до тогаш македонските власти треба да достават дополнитена документација, односно оригиналните документи за барањето.

Обвинителството во Франција нема да се противи на барањето за екстрадиција од Македонија затоа што во моментот кога го извршил делото тој немал француски пасош.

–          На датумот кога е направено делото, тој немаше француско државјанство, немаме мотив за да се спротиставиме на неговата екстрадиција. Јавното обвинителство е на мислење дека е потребно да се добијат оригиналните документи за барањето за екстрадиција од страна на Македонија, пред да се донесе одлуката, рекол обвинителот за време на рочиштето.

На прашањето на судијата дали има нешто да изјави Зоран Томовиќ (Миле Хаџиски) рекол дека не сака да се врати во Македонија затоа што бил обвинет за нешто што не го направил.

–          Во Македонија, бев погрешно обвинет за нешто ужасно, што не го направив. Јас бев ослободен од обвинението од страна на судот во 1995 година. На неговата изјава се надоврзала адвокатката Селин Алкалд која појаснила: „Тој беше осуден, ослободен, па повторно осуден во негово отсуство. Четири противречни пресуди. Условите гарантирани од Европската конвенција за човекови права не се почитувани“.

Миле Хаџиски исто така пред судијата открил како го добил францускиот пасош.

-Декретот за државјанството ми беше даден од страна на францускиот амбасадор во Џибути во август 2002 година, рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top