| четврток, 6 декември 2018 |

Ждребот на Лига на шампиони ќе се одржи денес

Денеска во Монако во 17.45 часот ќе се одржи ждребот за групите од Лигата на шампионите. Традиционалното извлекување во петок е поместено за еден ден.

Со завршувањето на вчерашните квалификациски натпревари списокот на учесници е комплетиран. Оваа сезона ќе учестуваат рекордни 14 досегашни победници во ова натпреварување. Познато е дека учесниците од исти земји нема да можат да се сретнат во фазата по групи.

Носител на листата во првиот барабан е минатогодишниот шампион Баерн Минхен во кој, освен Арсенал, сите останати веќе го подигнале трофејот на Лигата на шампионите.

Како и секоја година, и оваа се очекува да биде формирана „група на смртта“ бидејќи во секој барабан има екипа која е сериозен конкурент за тронот. Екипите се поделени во четири шешири по осум екипи кои се рангирани по клупските коефициенти кои ги доделува УЕФА.

Барабан 1: Баерн Минхен, Арсенал, Барселона, Реал Мадрид, Челси, Манчестер јунајтед, Порто и Бенфика.

Барабан 2: Атлетико Мадрид, Шахтјор Доњецк, Милан, Шалке, Марсеј, ЦСКА Москва, ПСЖ и Јувентус.

Барабан 3: Зенит, Манчестер Сити, Ајакс, Борусија Дортмунд, Базел, Олимпијакос, Галатасарај и Баер Леверкузен.

Барабан 4: Копенхаген, Наполи, Андерлехт, Селтик, Стеауа, Викторија Плзен, Реал Сосиедад и Австрија Виена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top