| четврток, 6 декември 2018 |

Германија: Се урна авион, пет жртви

avion germanija

Пет лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а три се повредени, откако се урна мал авион во западниот дел на Германија. Инцидентот се случи синоќа на подрачје во Дортмунд.

Едномоторното летало „пајпер“ се враќало од германското северно крајбрежје, а се урнало на околу 30 километри од Арнсберг. Во авионот патувале две жени, двајца мажи и четири деца.

Две од преживеаните деца се пронајдени надвор од авионот, додека едното се наоѓало во остатоците од авионот. Причините за инцидентот се уште не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top