Ако ОН докажат дека во Сирија е употребено хемиско оружје од страна на режимот на Дамаск и ако има воена интервенција, Букурешт ќе биде солидарен со сојузниците, изјави романскиот претседател Трајан Басеску.
Тој посочи дела ако европските и американските партнери донесат одлука за воена операција во Сирија, Романија како земја-членка на НАТО ќе биде солидарна.
Шефот на романската дипломатија Титус Корлацјан истакна дека за инспекторите на ОН треба да бидат создадени услови за најбрзо да ја завршат нивната работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.