| четврток, 6 декември 2018 |

Шалке ја прескокна „Тумба“ во Солун

salkeШалке 04 ќе игра во Лигата на шампионите по победата од 3-2 во Солун против ПАОК. За Грците останува да чекаат нова шанса за прв пласман во елитната фудбалска лига. Со Германците понатаму одат и Австрија Виена, Стеауа на нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски и Арсенал и Базел.

Германците по којзнае кој пат покажаа дека знаат да победат и кога се наоѓаат во навидум загубена ситуација. На празниот стадион „Тумба“ во Солун на кој немаше публика поради препораката на УЕФА, Шалке поведе со голот на Шалаи во 43. минута, а ПАОК израмни во 53. минута со погодокот на Атанасиадис. Гостите од Гелзенкирхен останаа и со играч помалку по исклучувањето на Џонс, но Дракслер и Шалаи со голови го докусурија ПАОК. Грчкиот тим се надеваше на прв пласман во ЛШ по добриот резултат од првиот меч и ремито, 1-1, но останаа со празни раце.

Со пораз на домашен терен Австрија Виена сепак обебзеди истириско учество во елитата во двомечот со Динамо Загреб. Вечерва во Виена беше 3-2 за гостите, но победата од 2-0 во Загреб беше доволна играчите на Австрија да се радуваат. Легија немаше сили да ја мине Стеауа, иако имаше поволен резултат од Букурешт со по еден гол во двете мрежи. Вечерва во Варшава, Стеауа за која цел меч одигра Георгиевски по само 9 минути игра поведе со 2-0, а се што направија домаќините беше израмнување на 2-2 во финишот на реваншот. Стеауа патува во ЛШ, благодарение на гол повеќе постигнат нагости. Арсенал и Базел рутински повторно ги совладаа Фенербахче и Лудогорец за нов пласман во ЛШ.

Резултати: ПАОК – Шалке 04 2-3 (1-1 прв меч), Австрија – Динамо 2-3 (2-0), Легија – Стеауа 2-2 (1-1), Арсенал – Фенербахче 2-0 (2-0), Базел – Лудогорец 2-0 (3-1).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top