– Сега кога не здробија на криминални локални избори остро изјавуваме дека веќе на такви избори не учествуваме. Добро бар ги добивме Ранковце, Струмица, Куманово и Центар…- напиша на својот Фејсбук профил десната рака на Бранко Црвенковски, Наташа Савова.
Ваквата реакција на Савова доаѓа по изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека партијата нема да учествува на уште едни криминални избори. Издата изјава ја даде и неговата заменичка Радмила Шекеринска, која посочи дека СДСМ ќе даде се од себе да спречи оддржување на уште едни криминали избори.
Што се случува во СДСМ? Ќе има ли нови реформи?
„Република“ објави дека лидерот на СДСМ бил под силен притисок на дел од раководството на партијата кои барале по секоја цена да се блокира работата на комисијата за 24 декември. Во недостаток на поддршка од дел од новото раководство а особено откако речиси целата пратеничка група била против компромис за извештајот на комисијата и струмичкиот градоначалник попуштил и се согласил да се блокира работата на комисијата и со тоа Македонија да добие негативен извештај во ноември од страна на ЕК и подоцна најверојатно повлекувае на препораката за почеток ан преговори.
Изворите на „Република“ тврдат дека за време на последните 5 дена од кога комисијата повторно интензивно почна да бара решение за блокадата во текот на дебатата имало екстремно различни ставови кај различни членови на комисијата при што кај оние што во јавноста се знае дека се блиски до екс лидерот Црвенковски било видливо дека не ги кријат напорите да се блокира работата на комисијата без разлика на последиците по земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.