| четврток, 6 декември 2018 |

Рекламата за „Мерцедес“ крена прашина, оттаму бесни: никогаш не би го убиле Хитлер!

Во рекламата за „Мерцедес“ каде е прикажан автомобил кој го убива малиот Адолф Хитлер и на тој начин го спасува светот, крена голема прашина. Иако официјално сеуште не е одобрена од компанијата, сепак ја заинтересира јавноста и покрена голема расправа.

Зад овој проект стојат студентите на Филмската академија во германија, но од „Мерцедес“ порачаа дека нивната идеја ни малку не им се допаѓа, ја сметаат за непримерна и најавија правни дејствија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top