| четврток, 6 декември 2018 |

Месиќ: ЕУ треба да ја притисне Грција за името

BAkraceski_Mesic_4854Според Стјепан Месиќ  поранешниот претседател на Хрватска „без да се здружат сите држави од Југоисточна Европа во Европската Унија, Унијата би била нецелосна“.

-Од македонска страна, прашањето за јазикот и за името на државата е длабоко национално прашање. На друга страна, за истата работа постои Грција за која тоа е едно политичко прашање кое треба да се реши на политички начин. Тоа нема никакво влијание на животот во Грција. На грчката страна нема доволно разбирање, а мене ми се чини дека не постои и доволен притисок на Европа врз Грција за да се забрза решевањето на македонско-грчкиот спор – изјави поранешниот претседател на Република Хрватска Стјепан Месиќ при посета на Охрид.

– Ние не смееме да тргнуваме од тоа дека Хрватска сега е во ЕУ и треба да соработува само со неа. Мораме и натаму соработуваме и нашата цел треба да биде влез на сите држави од ЈИЕ во Европската унија. Кога Унијата мора да се здружи заедно со сите овие држави, со нашето соседство, дури тогаш Европа ќе биде голем светски играч. Без тоа таа ќе биде инвалидна, додава Месиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top