| четврток, 6 декември 2018 |

Се тепале за жена – на крај решиле да ја делат

zena dvajca mazi

Двајца Кенијци потпишале спогодба да се оженат со иста жена – која била во врска со двајцатаи, очигледно, не сака да ги остави ниту едниот ниту другиот, го пренесува „Би-Би-Си“ известувањето на локалните медиуми.
Силвестер Мвендва и Елаја Кимани, според таа спогодба, можат да останат да живеат во нејзината куќа, а се обврзале да  помагаат во одгледувањето на децата што би ги имала.
Кенискиот полицаец Адхалах Абдулрахман ги убедил двајцата мажи да се оженат со иста жена – откако ги затекол како се тепаат поради неа, пренесува „Би-Би-Си“.
– Се договоривме дека од денеска нема да се закануваме еден на друг ниту ќе бидеме љубоморни поради нашата жена, која вели дека не е подготвена да остави еден од нас – се наведува во „спогодбата“ што ја постигнале.
Се додава дека никој не ги принудил двајцата мажи да постигант необичен договор, а тие се обврзале да ги почитуваат деновите што ќе ги одвои за нив заедничката жена и „да се сакаат и да живеат во мир“.
Адвокатите велат дека овој „брак“ би можел да биде и регистриран, ако сите страни докажат дека полигамијата е дел од нивните обичаи.
Нацрт-спогодбата е направена откако двајцата сфатиле дека се во врска со иста жена и тоа повеќе од четири години.
Полигамните бракови не се реткост во Кенија, но „делењето жени“ е незапаметено, наведува „Би-Би-Си“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top