Илија Димовски истакна дека ВМРО -ДПМНЕ го потпиша извештајот од ад хок комисијата заради европските интереси на Македонија.
– Тоа го направивме поради формата, а не го прифаќаме она што е напишано како содржина. Посебно во делот на правните квалификации. Извештајот претставува палома-хартија, а членовите на комисијата од СДСМ се однесуваат како деца во продавница за играчки, кои не знаат што да изберат – рече тој.
Рената Дескоска од СДСМ смета дека извештајот претставува релевантен документ и сатисфакција за новинарите и пратениците кои беа избркани од собраниската сала.
За Димовски извештајот не содржи никаква политичка одговорност, додека Дескоска смета дека со тоа што е потпишано јасно се гледа каде лежи одговорноста за настаните од 24 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар