| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев одличен, Наполи супериорен на премиерата во Серија А (видео)

Горан Пандев одигра одлучно во премиерниот меч од новата сезона во Серија А, а неговиот тим Наполи со супериорна игра ја декласира Болоња со 3-0. Македонскиот интернационалец беше еден од креаторите на акцијата по која Наполи поведе со 1-0, а Калјехон го постигна голот првенец во Италија. Хамшик зголеми на 2-0, а Словакот го даде и последниот гол на мечот токму по асистенцијата од Пандев. Горан играше до 67 минута, а публиката го награди со аплауз при замената со Инсиње, кој влезе во игра место него.

„ Почнавме како што посакувавме и задоволни сме од прикажаната игра. Сепак, ова е  прво коло, прва победа, прерано е да се говори за титулата. Знам само дека треба да продолжиме во ист ритам и сѐ ке биде в ред“, рече Пандев по победата над Болоња.

Со победи стартуваа и шампионот Јувентус и гигантите Интер и Рома, а најголемо изненадување во премиерното коло е поразот на Милан од Верона.

Резултати: Наполи – Болоња 3-0, Ливорно – Рома 0-2, Интер – Џенова 2-0, Сампдорија – Јувентус 0-1, Верона – Милан 2-1, Парма – Киево 0-0, Калјари – Аталанта 2-1, Торино – Сасуоло 2-0, Лацио – Удинезе 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top