-Извештајот на ЕК е многу поважен и покомплексен од Извештајот кој треба да го донесе анкетната комисија. Содржи многу подрачја и извештаи за прогресот на Македонија. Најмногу на економскиот, политичкиот и општествениот живот. Мислам дека се предимензионира ова прашање со извештајот за 24-ти декември. Така што, моето мислење е дека од тоа не треба да се прави национален проблем. Позитивниот извештај за прогресот во многу мала маргинална мерка зависи од извештајот каков и да е, на комисијата. Мислам дека е исклучително битно дека системот функционира во Македонија, дека нашите економски резултати се доста позитивни како и податоците за странските инвестиции. Затоа јас воопшто не гледам драматично на оваа сегашна ситуација, вели професорот Димитар Мирчев во изјава за Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


