Новак Ѓоковиќ го пофали ривалот Рафаел Надал пред стартот на последниот гранслем турнир во Њујорк, а вели дека шпанскиот ас е убедливо најдобриот тенисер сезонава. САД опен стартува утре, а првото место на Ѓоковиќ на светската ранг-листа е загрозено токму од Надал, кој игра во извонредна форма.
„Рафа се врати во препознатлива форма и игра веројатно и најдобро во кариерата на тврда подлога. Нема дилеми дека тој е најдобар тенисер сезонава. Резултатите најдобро говорат за тоа, бидејќи освои три Мастерси и тоа во голем стил“, изјави Ѓоковиќ. Тој го брани ланското финале во Њујорк и доста бодови во битката за врвот на АТП листата, што моментно е во негова сопственост.
Но, Надал сериозно се заканува и има можност со триумф на САД опен и со кикс на Ѓоковиќ да направи пресврт и да го превземе врвот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


