Барселона ќе игра без Лионел Меси против Малага, вечерва во натпревар од второто коло во шпанската Прва Лига. Аргентинскиот ас се повреди на дуелот со Атлетико Мадрид во Суперкупот на Шпанија, иако повредата не е сериозна, Херард Тата Мартино не сака да ризикува и ќе го одмори Меси со поштеда на дуелот со Малага.
„Не ни треба непотребен ризик на стартот од сезоната. Не сум загрижен за Меси и мене ми изгледа дека е во одлична форма, но не сакаме да дојде до обновување на повредата и затоа ќе го одморам“, изјави тренерот на Барселона.
Сега сите очекуваат Нејмар да биде стартер за првпат, откако летово пристигна во Барселона од Сантош, но Мартино вели дека отсуството на Меси не значи дека по автоматизам Нејмар ќе игра место него.
„Ако не игра Меси, не значи дека Нејмар ќе го менува. Тој работи вредно и е се поблиску до препознатливата форма. Сепак му треба време и да се воигра со соиграчите и да се навикне потполно на системот на игра на Барселона“, вели популарниот Тата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)