Хитлер бил зависник и хипохондар, дневно пиел коктел од амфетамини, бикова сперма и морфиум. Синусите и грлото ги прочистувал со шмркање кокаин. Сето тоа стои во медицинските извештаи нарачани од американската армија, меѓу кои има и разговори на Хитлер со шестмина доктори.
Меѓу останатото стои и дека за да покаже дека е вистински мажпиел преку 80 лекарства, а инекциите со сперма од млади бикови му биле потребни за да издржи во редовните сексуални односи со младата и издржлива Ева Браун, објавува ирскиот весник мирор.
Не се работи дали бил зависник или не, туку се работи за биполарна личност, а амфетамините само му ја влошувале состојбата. Методите на неговиот доктор се многу контроверзни, дури некои колеги го сметале за уфрлен шпион кој сакал да го отруе Хитлер, се цитира еден современ психијатар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


