| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал се распука (видео)

Арсенал влезе во ритам по лошиот старт на сезоната и поразот од Астон Вила и има две победи по три постигнати голови. По Фенербахче во меч од квалификациите за Лигата на шампионите, популарните „топчии“ од Лондон му испорачаа три плотуни и на Фулам во меч од второто коло во Премиерлигата. Лукас Подолски постигна два погодоци, а стрелец на водечкиот гол беше Оливие Жиру. Почесниот погодок за Фулам беше дело на Дарен Бент.

Со пресврт што го креираа Адам и Шокрос, Стоук го победи Кристал Палас со 2-1, а со реми завршија дуелите меѓу Њукасл и Вест хем (0-0), Евертон против Вест Бромвич Албион (0-0), односно Саутемптон – Сандерленд (1-1). Хул беше подобар од Норич и победи со 1-0.

Вечерва играат Астон Вила и Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top