| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Многу ми значи што го решив мечот со Грција (видео)

atlanta hawks antic

 

Тие се многу искусен тим, а ние имаме тешки припреми, тешки нозе, изморни сме, затоа што се подготвуваме за европското првенство во Словенија првенствено, а не за турниров. Но кога е тесен резултатот, секој би сакал да го реши натпреварот, а јас ја имав таа можност. Тоа значи многу, особено против голем тим како овој, со големи играчи меѓу кои има и поранешни мои соиграчи, вели Антиќ во интервју за Спорт игл ТВ по синоќената победа над Грција.

На прашањето на новинарот, кои се целите Македонија во Словенија и за што се подготвува тимот, Антиќ вели:

Мораме да работиме да ја минеме првата фаза. Да не летаме многу високо дека минатиот пат бевме четврти, па сега да очекуваме медал. Знаете спортски е да се надевате, но целта сега е да ја поминеме првата фаза и ништо друго. Да се потрудиме да бидеме први, а потоа потоа да одиме од натпревар во натпревар, така направивме и минатиот пат. Се надевам дека ќе ја повториме играта или и уште подобро. Ќе дадеме се од себе, вели Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top