Моторциклист вчера околу 18 часот удри пешак на пешачкиот премин над градскиот стадион во Велес. Од силниот удар пешакот летнал во воздух и му биле скршени двете нозе, но е надвор од животна опасност, јави „Дума.мк“.
Од ударот не се спасил ниту моторциклистот кој педесеттина метри погоре на улицата, во правец кон бензиската пумпа, паднал на асфалтот.
Ова се првични информации од очевидци на несреќата.
Тешко повредениот пешак и полесно повредениот моторциклист се пренесени во велешката болница.
На местото на несреќата, четврта ова лето на улицата Алексо Демниевски, увид врши полициска екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.