Двајцата охриѓани од декември до денес ограбиле дури 19 дуќани и станови, а биле фатени денеска
МВР јави декаа 29-годишниот З.Р. и дваесет години постариот А.Ј., двајцата од охридското селото Куратица, се двајцата осомнени на кои истражен судија им определил по 30 дена притвор.
Арамиите до употреба на штрафцигер и други погодни алати, насилно влегувале до куќи, станови и деловни објекти во Охрид, Подмоље, Требеништа, Мешеишта, Сошани, Лескоец и Рамне, одземајќи пари, сребрен накит, мобилни телефони, ЛЦД телевизори, компјутери, цигари, вино, ореви, прашак за перење, сувомеснати производи, моторни пили, електрични циркулари, хилти, бушилици и други алати, ловна пушка, облека и други предмети, стекнувајќи се со против-правна имотна корист од 180.000 денари.
Од охридската полиција велат дека пријавените се познати извршители на казнени дела и наркозависници, против кои и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави, за што А.Ј. бил и осудуван
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.