| четврток, 6 декември 2018 |

Најголема заплена на дрога во Европа досега

ekstazi

Истрагата која ја спровела полицијата на три земји резултирала со една од најголемите заплени на синтетички дроги во Европа, соопшти белгискиот државен обвинител

Состојки од кои се произведуваат таблетите Екстази а чија улична вредност достигнува неверојатни 1,3 милијарди евра, запленети се во 30 рации во Белгија, Холандија и Полска. Полицијата уапсила 11 лица и ги обвини за поседување, производство и трговија со дрога. Најголемиот дел од запленетиот материјал пронајден е во гаража во предградие на Брисел, односно на фарма во јужна Белгија.

Се работи за досега најголемата заплена на дрога во Белгија односно на една од најголемите заплени во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top