Според државната статистика, бројот на родените деца во второто тримесечје годинава, споредено со истиот период лани, е намален за 5.5% и изнесува 5 470 деца. Сепак природниот прираст е позитивен и изнесува 852 лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 4,4 % во споредба со истиот период од 2012 година и изнесува 3 335 бракови. Затоа пак, разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2012 година и нивниот број изнесува 684.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


