Телевизијата влезе во „трето златно време“ со многу квалитетни драмски серии како „Луѓето од Менхетен“, „Игра на тронови“, „Татковини“ и „Брејкинг Бед“, оцени оскаровецот Кевин Спејси во предавањето на телевизискиот фестивал во Единбург.
Спејси, кој кариерата ја почна в театар, за потоа со филмовите „Дежурни виновници“ и „Американска убавина“ освои Оскари, посочи дека телевизијата како медиум стана уметничка форма која кога станува збор за карактерни улоги, „малиот екран го засенува филмот“.
Околу предизвиците кои стојат прет телевизијата, Спејси ја критикува опседнатоста во САД со пилот-епизоди, во кои свенаристите во 45 минути мора да ги вметнат сите ликови, за да ја уловат публиката. Како добра спротивна практика ги посочи двете компании ХБО и АМЦ чии што дела се култните „Сопранови“, „Луѓето од Менхетен“ и „Брејкинг Бед“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема да се води судски процес против холивудскиот актер Кевин Спејси
-
Во Македонија 40 проценти од слободното време се минува пред телевизор
-
Американскиот актер нема дерман – нови обвиненија за сексуален напад против Кевин Спејси
-
Му се пуштал и на кралскиот зет – уште едно обвинување за Кевин Спејси!