| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалска грозница го тресе Бразил, за 24 часа поднесени барања за 2,3 милиона билети за СП

Фудбалска грозница го тресе Бразил на неполна година до почетокот на Светското првенство во фудбал, а првиот ден од продажбата на билети преку интернет понуди фрапантни цифри.

За само 24 часа има побарувања за 2,3 милиона билети, а за продажба преку интернет е предвиден контингент од еден милион билети, и тоа во три фази. За само еден ден побарувачката за драгоценото парче хартија е за 2,5 пати поголема од вкупната понуда. И што е најинтересно, грото апликации се од Бразил, Аргетнина, САД, Колумбија и од Чиле.

Вкупно во продажба ќе има околу 3,3 милиони билети, а една третина од нив ќе оди на он-лајн продажба. Најмногу побарувања има за премиерниот натпревар на 12 јуни во Сао Паоло и за финалето на „Маракана“ на 13 јули. За домашните навивачи има резервирано околу еден милион влезници, и тие се од категоријата најевтини, од 11 до 62 евра. Најскапи билети се за финалниот меч, а цените во регуларна продажба одат и до 800 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top