| четврток, 6 декември 2018 |

Си носеле килограм марихуана на задно седиште

marihuana svr tetovo 22.08.2013

Завчеравечер околу 23 часот, во непосредна близина на клучката за тетовското село Групчин, службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај-Автопатна Тетово запреле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, што го управувал 21-годишниот Ф.И од Студеничани.

При контрола на возилото, во кое биле уште две лица, Д.С (33) и С.П (23) од Скопје, под совозачкото седиште е пронајден ранец во кој имало непозната тревкаста материја, завиткана во најлонска фолија. Пронајдениот ранец бил сопственост на Д.С, кој заедно со возачот и сопатничката С.П набрзо биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово.

Во фолијата имало повеќе од еден килограм марихуана, која, според кажувањето на Д.С, претходно ја купил од Ф.И и требало да ја однесе во Охрид.

Против сите тројца е поднесена соодветна кривична пријава, а истражен судија на Основниот суд Тетово вчера на Ф.И и Д.С им определи мерка притвор во траење од по 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top