Одлука останува поради несекојдневната поделбата на ставовите во врска со марихуаната, дрога што федералните власти ја сметаат за опасна исто колку и хероинот, но и дрога што беше легализирана за медицинска употреба од гласачите или законодавците во 20 држави и во Областа Колумбија.
Групата што ја брани марихуаната се појави на суд со аргументот дека федералните власти имаат обврска да ги преиспитаат медицинските докази и да ја сместат марихуаната во друга класификација, као дрога што јасно им користи на тие што страдаат и имаат болки.
Но, три судии рекоа дека имаат обрска да се согласат со оценката на федералните стручњаци за здравје, кои заклучиле дека се потребни повеќе докази пред да ја рекласификуваат марихуаната. „До денес, таквите студии не се изведени“, изнеле од Одделот за контрола на дроги (ДЕА) во одбрана на одлуката.
Најавена е жалба до Врховниот суд.
Претседателот Обама и сенаторот Патрик Лихај (демократ), претседател на Судскиот комитет во Сенатот, рекоа дека се подготвени да го разгледаат федералниот закон што го смета поседувањето мали количини марихуана како кривично дело. „Ќе треба да разговараме за тоа како да го прифатиме федералниот закон, кој вели дека марихуаната е федерален прекршок, а државните закони велат дека е легална“, изјави Обама за „Еј-Би-Си њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.