Почнувајќи од први септември оваа година, жителите на Општина Вевчани ќе добијат можност да извадат регистерски таблички со ознаката VV.
Според измените во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата ознаката VV за регионот на општина Вевчани.
Согласно Правилникот за Изменување на Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки (Сл.Весни на РМ број 161/12) кој стапи на сила на 01-03-2013 година во Република Македонија, се воведоа 6 нови регистрациони подрачја за возилата и тоа (БЕРОВО -BE, ДЕЛЧЕВО-DE, ВИНИЦА-VI, НЕГОТИНО-NE, РЕСЕН-RE и СВЕТИ НИКОЛЕ-SN) со што вкупниот број на регистрациони подрачја во Република Македонија од постоечките 17 во 2009 година (Сл.Весник на РМ број 21/07 И 94/09 ) се зголемии на 23 регистрациони подрачја.
Во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки пред овие измени беа додадени и следните регистрационите подрачја: Гевгелија,-GE Кавадарци-KA, Кичево-KI, Кочани-KO, Крива Паланка-KP, Радовиш-RA и Струга-SU. Инаку постоечки регистарски ознаки пред воведувањето на измените во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки беа: Битола-BT, Велес-VE, Гостивар-GV, Куманово-KU, Охрид-OH, Прилеп-PP, Скопје-SK, Струмица-SR, Тетово-TE и Штип-ŠT.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.