| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова не менува презиме и не игра на САД опен

Марија Шарапова е повредена и нема да игра на последниот гранслем-турнир во сезоната, во Њујорк на Отвореното првенство на САД. Поранешната најдоброрангирана тенисерка објави дека ќе отуствува од големиот настан, чиј старт е закажан за 26 август, поради повредата на десното рамо. Претходно имаше најава дека „сибирската мачка“ од маркетиншки причини ќе го смени презимето во Шугарпова и така ќе игра во Њуј0рк. Сега испадна дека нема ниту промена на презимето ниту настап на ОП на САД. Марија го освои турнирот во Њујорк во 2006 година и само еднаш има отсуствувано во последните 10 изданија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top