| четврток, 6 декември 2018 |

Хосни Мубарак ќе биде ослободен

Судот во Египет нареди ослободување на екс-претседателот Хосни Мубарак од затвор. Поранешниот лидер беше ослободен по обвиненијата за корупција но е соочен и со дополнителни обвинувања за наредување на убиствата на демонстранти за време на протестите во земјата во 2011 година. Мубарак отстапи од претседателската функција пред речиси две години, по што беше осуден на доживотна казна затвор. Пресудата беше ревидирана откако жалбата на 85 годишниот лидер беше прифатена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top