| четврток, 6 декември 2018 |

Кристина Арнаудова се жали: Металург ми го украде сопругот

kristina metalurg

Македонската пејачка Кристина Арнаудова се пожали дека ракометниот клуб Металург и го украл сопругот. Таа на фејсбук профилот објави фотографија од интервју кое таа го дала пред повеќе од една година, притоа коментирајќи:

Вистината кад тад излегува на виделина…ми го крадат и тоа сериозно.

Арнаудова е мажена за поранешниот ракометар Александар Петровски. Тој сега работи како помошник тренер во Металург и постојано е на подготовки со ракометарите кои се борат да влезат во Лига на шампиони. Пред година дена Арнаудова изјавила дека не се лути се додека Металуг победува. Но овојпат очигледно нема така големо разбирање како што имала тогаш.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top