
Големо изненадување во првиот меч од квалификациите за Лигата на шампиони меѓу казахстански Шахтер и Селтик приредија домаќините победувајќи го големиот фаворит со 2-0.
Головите за Казахстанците ги постигнаа Андреј Финонченко во 12. минута и Сергеј Хизниченко во 77. минута.
Натпреварот не се играше на стадионот на домаќините затоа што не ги задоволува условите на УЕФА, туку на 400 километри од Астана. Интересно е тоа што домашната екипа пред натпреварот за среќа жртвувала коза, што очигледно им се исплатело.
За целосна сензација во Лигата на шампионите, Казахстанците мора да го одбранат резултатот на гости. Шахтер би бил првата казахстанска екипа во ова натпреварување откако фудбалскиот сојуз на Казахстан во 2002 година премина од Азиската фудбалска конфедерација во УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


