| четврток, 6 декември 2018 |

Избегнат Армагедон: Сталин во личната војна со Тито ќе предизвикал трета светска војна

staljin-tito-nuklearni-rat-1377019110-355071

 

САД биле подготвени да ја бранат СФРЈ со нуклеарно оружје од напад на СССР и од Сталин, се наведува во документ на ЦИА од кој е тргната ознаката за тајност. Документот наречен „Избегнување Армагедон“ се наведува дека Сталин во личната војна со Тито за малку ќе предизвикал трета светска војна со оглед на тоа дека лидерот на СССР бил одлучен по секоја цена да го уништи Броз и неговиот отпаднички комунистички режим.

Во документот се споменува и дека проценката на ЦИА била дека тогашната ЈНА имаша шанси во судирот со силите на Романија, Унгарија и Бугарија, но присуството на шест руски дивизии во тие војски значело пораз на Југославија.

ЦИА заклучила дека југословенскиот отпор зависи од степенот и брзината на западната помош. Во извештајот се потсетува на зборовите на извесен сенатор кој предупредил дека „советскиот напад на Југославија лесно би можел да прерасне во трета светска војна“. По овој извештај доаѓа до поблиска соработка меѓу САД и Југославија и се поголема воена помош за СФРЈ. ЦИА ја сметале Југославија како идна членка на НАТО.

Се смета дека случувањата на корејскиот полуостров и силниот ангажман на САД во одбрана на Јужна Кореја ги спречиле плановите на СССР. САД биле свесни дека не можат да остварат предност со конвенционално оружје, така да била прифатена опцијата да се искористи нуклеарно оружје во случај на напад на СФРЈ што автоматски би значело нова светска војна. Плановите за инвазија на Југославија на Сталин ќе се реализирале, па се вратил на намерата за убиство на Тито за што биле подготвени разни сценарија. Опсесијата на Сталин со Тито траела се до крајот на неговиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top