| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски маратон во Њујорк за тегла ајвар

ajvar

Тегла ајвар и маичка ќе добијат сите учесници на хуманитарната трка која ја организира Обединетата македонска дијаспора (ОМД) која годинава ќе се одржи во Вашингтон, Њујорк и Ен Арбор во Мичиген.

Сите три трки се организираат по повод 22-годишнината од осамостојувањето на Македонија и ќе се одржат на 8 септември, а парите собрани од трките ќе бидат донирани за Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Во зависност од тоа колкава сума пари ќе се собера, од ОМД се надеваат дека ќе бидат во можност да му помогнат и на Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

– По завршувањето на трката на сите локации ќе се одржи попладневен пикник со музика, оро и добра дружба. По завршувањето на трката, секој тркач ќе добие маичка и тегла од најпознатит македонски специјалитет ајвар. На првопласираните по завршувањето на трката ќе им бидат доделени и награди, а исто така ќе има наградно извлекување обезбедено од нашите спонзори – велат од ОМД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top