Веројатно досега не сте слушнале за Дионтеј Вајлдер, но кога ќе видите како удира овој 27-годишен боксер, ќе ви стане јасно зошто го споредуваат со легендарниот Мајк Тајсон.
Распон на рацете од 213 сантиметри
Вајлдер нема многу физички сличности како Мајк, висок и 201 сантиметар, а распонот на рацете му е 213 сантиметри, па неговите проектили имаат разорувачка моќ, слично како оние на Тајсон. Покрај ова, овој тешкаш е невидено брз за својата височина, така што противниците пред неговите налети паѓаат како покосени.
Дионтеј во професионалната кариера ја нема осетено горчината на поразот. Во 29 досегашни борби стигнува до победата на импресивен начин, со нокаут. Тоа не му успеално ниту на челилниот Мајк, кој серијата нокаути ја заокружи на бројката 20. Бронзениот бомбардер, како што уште го викаат Вајлдер, 17 од натпреварите ги доби со нокаут уште во првата рунда, додека останатите со нокаут во втората. Сепак, злите јазици тврдат дека боксерите со кои се борел до сега не се баш на негово ниво.

И браќата Кличко се плашат
Ќе видиме како браќата Кличко ќе реагираат на квалитетот на Вајдлер, а според одредени информации, нив баш и не им се влегува во ринг со црномурестиот Американец, посебно откако Владимир спарингуваше со него, па мораше да признае дека никогаш не сретнал побрз тешкаш. Но, ќе дојде и тој ден. Тогаш ќе стане јасно дали Вајлдер е направен од „вистинскиот материјал” или станува збор само за уште една напумпана американска приказна. Познавачите велат дека сепак ќе биде она првото…

Бронза од Пекинг
Дионтеј Вајлдер е последниот американски боксер кој освоил медал на Олимписките игри. Тој во Пекинг во 2008 година стигна до бронзата. Тогаш никој не можеше да претпостави дека високиот и во тоа време физички слаб боксер така ќе експлодира и ќе прерасне во најголемата надеж на Американците.
Извор: курир.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



