| четврток, 6 декември 2018 |

Сани, новиот член на семејството Обама (видео)

Сани Обама

Сани Обама

Семејството Обама има нов член – Сани. Тие на „Инстаграм“ објавија дека од вчера имаат нов член во Белата куќа. Сани е едногодишно кутре, родено во Мичиген минатиот јуни.

Сани е хиполарегенско кутре што нема да ги предизвикува алергиите кај 15-годишната ќерка Малиа. Тие веќе имаат едно куче – Бо.

– Сани е совршена сестричка за Бо, полна со енергија, а името комплетно одговара на нејзината личност – коментираат тие.

На каналот на Белата куќа на „Јутјуб“ е објавено видео од Сани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top