| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон најави кандидатура за претседател

Во заедничкото интервју, Обама и Клинтон раскажале за нивното партнерство и најавија дека е можно таа да се кандидира за шеф на државата во 2016 година

Barack Obama, Hillary Rodham Clinton, Stee KroftАмериканскиот претседател Барак Обама упати пофални зборови за Хилари Клинтон, пред таа да ја напушти функцијата државен секретар на САД и истакна дека двајцата имаат слични гледишта за улогата на земјата во светот.

Во заедничкото интервју во емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес, Обама и Клинтон раскажале за нивното партнерство и најавија дека е можно таа да се кандидира за шеф на државата во 2016 година, кога истекува вториот мандат на актуелниот претседател.

– Претседателот и јас постојано мислиме за иднината на нашата земја. Но ниту тој, ниту јас не можеме да прогнозираме што ќе се случи утре или следната година, истакна државниот секретар на САД.

Идејата за заедничко интервју била на Обама, кое е прво со друга личност, исклучувајќи го тоа со неговата сопруга Мишел.

Претседателот ја нарече Хилари Клинтон „пријател и исклучителен талент“, истакнувајќи ги „нејзината дисциплина, енергија, разумност и способност да прогнозира“.

– Имавме прекрасна соработката во последните четири години. Ќе ми недостасува. Посакувам да е во близина. Но, таа помина толку многу километри и не можат да и се лутам што сака малку да се одмори, нагласи американскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top