Непознат маж држи во заложништво неколку луѓе, меѓу кои и градоначалникот во старата општинска зграда во Инголштад, јужна Германија, јавува РТ.
Заложничката драма се случува неколку часа пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел.
Полицијата била во контакт со киднаперот, но мотивите за инцидентот сѐ уште не се познати.
Заложниците, меѓу кои и градоначалникот Сеп Мислбек, се наоѓале на вториот кат, а зградата била опколена од полицијата.
Некои германски медиуми пишуваат дека е можно киднаперот да е 23-годишник кој демнел 25-годишна девојка вработена во Советот. Не е познато дали киднапирањето има каква било врска со посетата на канцеларката Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.