| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус му одржа лекција на Лацио

Италијанскиот шампион Јувентус новата сезона ја започна со трофеј, откако го освои Суперкупот на Италија, со убедливата победа над Лацио од 4-0

Fabio+Quagliarella+Lazio+v+Juventus
„Старата дама“  втора година по ред го освојува Суперкупот откако минатата година го совлада Наполи.
Пол Погба ја отвори серијата на Јувентус во 21. минута, младиот француски играч во игра влезе неколку минути претходно откако играта поради повреда ја напушти Маркизио.
Прашањето на победникот фудбалерите на Јувентус го решија во фуриозни четири минути од вториот дел кога од 52. до 56. минута постигнаа три гола, стрелци беа Кјелини, Лихштајнер и засилувањето Карлос Тевез.
Второто големо засилување на Јувентус, Фернандо Љоренте, не доби можност да настапи, партнер на Тевез во нападот му беше Мирко Вучиниќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top