| четврток, 6 декември 2018 |

Грција предлага потпишување на меморандум со Македонија

UN secretary general's special mediator Matthew Nimetz visits AthensГрција го поддржува мандатот на Метју Нимиц и напорите да се постигне напредок за решавање на спорот. Ова е наведено во краткото соопштение од грчкото МНР по денешната средба на посредникот Нимиц со грчкиот премиер Андонис Самарас и шефот на грцката дипломатија Димитрис Аврамопулос. Грчките претствници го информирале Нимиц за предлогот на Атина двете страни да потпишат меморандум за разбирање со кој би се поставиле рамките и параметрите за решавање на спорот.
Инаку, според официјалната агенда на Нимиц не беше предвидено тој да се сретне со грчкиот премиер.
Од грчкото МНР соопштуваат дека Нимиц му било кажано дека Грција е посветена и има политичка волја за решавање на спорот. Атина исто така, се залага за продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на регионалната стабилност и интеграција на нашата земја во ЕУ и во НАТО, информираат од таму.

На денешниот состанок бил направен преглед на досегашните разговори како и изгледите за продолжување на преговорите врз основа на размислувања и идеи од Нимиц. Аврамопулос ја изразил подготвеноста на грчката страна активно да учествува во понатамошните чекори на процесот.
Грчките медиуми потсетуваат дека последните три предлози за решавање на името биле „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“ и „Република Горна Македонија“ за кои Скопје изразило остри забелешки поради поставувањето на географската одредница пред зборот „Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top