| четврток, 6 декември 2018 |

Велешани на врвот на светот

velesani mont everest

Два подвига на велешки високогорци во еден месец. Марија Хаџи Ристова, е првата велешанка која минатиот месец го освои највисокиот врв на Алпите, Монт блан.Тогаш и Тодорче Ѓоргиев се искачи на највисокиот врв на планината Алброз во Иран, Дамаванд.

Денеска и двајцата раскажуваат за адреналинското чувство и триумфот кога си на надморска височина од над 4 или 5 илјади метри држејќи ги во раце знамето на Македонија и на општина Велес.

„Се чувствуваш многу моќно, исполнет ти е сонот, тоа е сон на скоро секој планинар“ – вели Марија Хаџи Ристова.

„Најзначајно е развиореното макеонско и општинско знаме. Се останато е во склоп на експедицијата шала, разговор што исто така е значајно при освојувањето на врвот“ вели Тодорче Ѓоргиев.

За искачувањето на Дамаванд, кое траеше 4 дена, Ѓоргиев вели дека иако не било така лесно најмногу му помогнала добрата физичка подготвеност. Марија раскажува дека за Монт блан секогаш ќе се сеќава поради утринското искачување на Кулоарот на смртта.

„Планината беше пријателски настроена кон нас ни дозволи да се искачиме на врвот бидејќи не секогаш можат да се имаат тие услови како што ние ги имавме. Иако имаше силен ветер, доста сулфурни испарувања ние со доста одење и добра физичка подготовка успеавме да се искачиме на врвот“ – вели Ѓоргиев.

„ Кулоарот на смртта е замрзнат терен, има одрони и подобро е да се мине во утринските часови. Тоа е најризичниот дел со целата карпа и камењар која што е околу 900 метри надморска висина“ вели Марија.

Приказната за љубовта кон природата која ги поттикнува Ѓоргиев и Хаџи Ристова на возбудливите потфати нема да заврши тука. По врвовите Арарат и Дамаванд, следниот потфат на Ѓоргиев ќе биде Килиманџаро. Хаџи Ристова зад себе ги остава Белведере и Монд блан вгодина планира искачување на Елбрус. Обајцата посакаа што поголем број на велешани да го следат нивниот пример.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top