Во првото коло од англиската „Премиер лига“ фудбалерите на Арсенал доживеаа шокантен пораз на домашен терен од екипата на Астон Вила со 1-3. Поведоа популарните „топџии“ со голот на Оливие Жиру. Во продолжението од натпреварот беа досудени два пенали за гостите од Бирмингем. Првиот обид на Бентеке го одбрани голманот Шчешни, но топката се одби повторно до изведувачот и со глава ја затресе мрежата. Вториот пенал досуден во 62 минута беше сомнително досуден, но тоа не му пречеше на Бентеке повторно да го совлада домашниот голман.
Конечните 1-3 ги постави Луна пред крајот на мечот во 85 минута.
Фудбалерите на Ливерпул победија минимално на свој терен со голот на Даниел Стариџ уште во првиот дел од натпреварот во 37 минута.
Во останатите натпревари од денешната програма во првото коло се постигнати следните резултати: Норвич – Евертон 2-2, Сандерленд – Фулам 0-1, ВБА – Саутемптон 0-1, Вест Хем – Кардиф 2-0.
Актуелниот освојувач на титулата тимот на Манчестер Јунајтед својот меч го игра денес подоцна.
Фаворитите за титулата Челзи и Манчестер Сити своите натпревари ги играат утре односно во понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



