| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ќе преземе мерки ако нема извештај од комисијата за 24 декември

За време на својата посета на Долна Река и општината Ростуше – Маврово премиерот Груевски го предупреди раководството на СДСМ дека доколку наскоро не се надмине блокадата на комисијата за 24 декември ВМРО – ДПМНЕ ќе преземе нови чекори.

 

Според него се до враќањето на Бранко Црвенковски од одмор комисијата работела успешно а извештајот бил речиси готов. ОД неговот враќање започнала блокадата која што може да придонесе за негативен извештај од ЕК во ноември.

Премиерот не кажа кои чекори ќе бидат преземени, тој не сакаше да каже дали можеби се работи и за предвремени избори за кои се зборува во последниве неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top