| четврток, 6 декември 2018 |

Руски уметници на Охридско лето

Ohridsko leto 2013 _013На програмата на „Охридско лето” вечер во „Света Софија” од 21 часот концерт на младите руски уметници, Андреј Баранов на виолина и Марија Баранова на пијано.

Како што нагласи селекторката на музичката програма  на фестивалот, Гордана Јосифова – Неделковска, изборот на уметниците кои настапуваат на „Охридско лето” е согласно концепцијата  на фестивалот покрај големи светски уметници, да им се отстапува простор и на уметниците од помладата генерација.

– Тоа се оние најуспешните, победници на престижни меѓународни натпревари или „ѕвездите што доаѓаат”. Доказ дека оваа идеја е полн погодок се потврди уште во далечната 2000-2001 година кога под циклусот „лауреати” на „Охридско лето” настапија пијанистите Денис Мацуев и Николај Лугански – најголемите пијанисти на денешницата, но и пријатели на „Охридско лето”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top