На програмата на „Охридско лето” вечер во „Света Софија” од 21 часот концерт на младите руски уметници, Андреј Баранов на виолина и Марија Баранова на пијано.
Како што нагласи селекторката на музичката програма на фестивалот, Гордана Јосифова – Неделковска, изборот на уметниците кои настапуваат на „Охридско лето” е согласно концепцијата на фестивалот покрај големи светски уметници, да им се отстапува простор и на уметниците од помладата генерација.
– Тоа се оние најуспешните, победници на престижни меѓународни натпревари или „ѕвездите што доаѓаат”. Доказ дека оваа идеја е полн погодок се потврди уште во далечната 2000-2001 година кога под циклусот „лауреати” на „Охридско лето” настапија пијанистите Денис Мацуев и Николај Лугански – најголемите пијанисти на денешницата, но и пријатели на „Охридско лето”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“


