| четврток, 6 декември 2018 |

Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“

Претставата „Илијада“ од Хомер , во режија на Јернеј Лоренци, а во копродукција на Словенечкиот народен театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија синоќа беше спуштена завесата на 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата се одигра на Античкиот театар со почеток во 21 часот, но пред малубројна публика.

 

-Антички Театар во Охрид не беше исполнет ни со 25 % од капацитетот, а глетката на затворањето на овогодинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ е повеќе од тажна. Далечни спомени се изданијата на фестивалот кога публиката беше составена од уметнички и финансики крем. Без присуство на дипломати, без ни еден познат бизнисмен, без министри ( освен министерот за култура ) и без локалните „јавни фаци“ заврши овогодинешното најслабо издание на фестивалот, пишува порталот „Охрид1“.

 

фото:Охрид1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top