| четврток, 6 декември 2018 |

Војската во Египет упадна во џамија (видео)

Friday protest in CairoЕгипетските војници упаднале во џамија во Каиро во која имало околу илјада следбеници на поранешниот претседател Мухамед Морси. До интервенцијата дошло по новиот ден исполнет со насилства во земјата, со стотици загинати. Следбениците на Морси имаат намера да продолжат со протестите.

Египетската приватна телевизија ONTV Live прикажала снимка од војниците кои влегуваат во џамијата Ал-Фат во центарот на Каиро, додека Египетската Al-Jazeera на својата интернет страница емитувала видео од војниците внатре во верскиот објект. Изгледа дека војниците преговараат со демонстрантите за напуштање на џамијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top