Во населбата Реонски центар „Аеродром“ денеска почна изградбата на комплетна инфраструктура.
Како што рече градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, со овој проект не само што ќе се поврзат сите објекти во населбата, туку ќе се обезбеди уште еден излез на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, со што ќе се растовари постојниот сообраќај.
Проектот опфаќа изградба на нови сервисни улици со тротоари во вкупна должина од околу 1,5 километар, кои ќе бидат целосно осветлени. Исто така, во рамките на проектот ќе бидат изградени околу 1.000 паркинг-места.
– Потребата од изградба на комплетно нова инфраструктура е неопходна поради сѐ поголемиот број нови станбени објекти во овој дел од општината – изјави градоначалникот Коневски.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, рече дека ова е последен чекор за целосно завршување на овој дел од Реонскиот центар „Аеродром“.
Изградбата на инфраструктурата ќе чини 70 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром. Реализацијата на проектот се очекува да заврши наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)